Во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“, посветена на темата „Невидливи траги“

27.04.2026 02:38
Во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“, посветена на темата „Невидливи траги“

Во организација на Друштво на ликовните уметници на Македонија, на 28 април во Музеј на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“, посветена на темата „Невидливи траги“. Отворањето е закажано со почеток во 20 часот.

На изложбата ќе се претстават вкупно 43 уметници, членови на ДЛУМ, со дела кои преку различни пристапи го истражуваат цртежот како медиум и неговите експериментални можности. Поставката обединува разновидни авторски изрази, техники и концепти, при што фокусот е ставен на личниот уметнички печат и интерпретацијата на „невидливото“ во визуелниот јазик.

Меѓу учесниците се: Јана Манева – Чупоска, Ицко Петрески, Соња Димитрова, Ивона Велковска, Ацо Таневски, Гоце Божурски, Слободан Милошески, Златко Глигоров, Ангел Димовски Чауш, Душан Георгиевски, Марина Коцарева Ранисављев, Марија Мицова Гацова, Елена Гелева, Зулејха Зубери Али, Христина Хаџиева, Ненад Тонкин, Стефан Јакимовски – Стеф, Константин Качев, Елена Николоска Цветковиќ, Ристо Мијаковски, Иво Пецов, Стефан Анчевски, Наташа Андонова, Дијана Томиќ Радевска, Јана Јакимовска, Мирјана Крстева Массетти, Ирена Паскали, Стефан Хаџи Николов, Марина Цветановска Мартиновска, Дејан Иванов Маргуш, Љупка Галазка Василев, Нина Богуновиќ, Ана Ивановска, Татјана Ристовска Керакамика, Тања Балаќ, Маја Рауник Кирков, Марија Чепишева, Стефан Младеновски, Валентина Илијевска, Јовица Мијалковиќ, Златко Хаџи Пецов, Перо Кованцалиеви и Слободан Живковски.

Изложбата официјално ќе ја отворат проф. д-р Јана Манева – Чупоска, претседател на ДЛУМ, проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседател на Уметничкиот совет на ДЛУМ, како и Панче Велков, директор на Музејот на град Скопје.

 

Слични содржини

Активизам / Квир / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото