Работа врз човека

29.04.2026 09:47

Гледам – луѓето одеднаш станале убави,
а се сеќавам, пред стотина години,
многу имаше сакати, алипни,
куци и слепи, грбави, крастави…
Речиси не можеше да сретнеш цел човек.
Барем не во меана или на друмот
по кој акале ајдуци и скитници.

Народот, едноставно, се разубавел.
Нема неправилни, изместени, разроки,
ги тргнавме некаде дури и безумните,
речиси ниеден разумен не пелтечи
во барем малку пристојно друштво
или на јавно место.

Каде исчезнаа толкуте накази,
многубројните чудовишта?
Каде се оние со едно око,
без нозе, каде се инвалидите?

За среќа, умот останал ист
па мислата се потпира на сила
исто како во првите времиња.
И тоа ме теши, ме прави спокоен.

Зашто пред илјада години бев Варварин,
кој зад границата, лимесот,
искрено му се восхитувал на Рим.
Бев Хун и Авар, Гот и Визигот,
бев Травунец, Друид, Гал и Дачанец.
Либурн и Делмат, Јапод, можеби Илир.

И тогаш првпат се запрашав –
како би ја издржале добрината,
ние кои од памтивек
на зло сме навикнати?

Вака знам – сè ќе биде,
колку и да станало прекрасно,
подеднакво опустошено, разурнато,
запалено, ограбено, уништено.

Кога ќе дојде часот што секако ќе дојде.
Кога ќе затруби рогот во темната шума
и од шипот ќе измолзат аветите со стапови.
Подлеците на чело со херојот.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото