Објавени се добитниците на награди за ФИЛМАЈ 2026 фестивалот на краток филм

29.04.2026 13:30
Објавени се добитниците на награди за ФИЛМАЈ 2026 фестивалот на краток филм

Фото-кино клуб “Козјак” oд Куманово соопштува дека се одлучени добитниците на награди за ФИЛМАЈ 2026 фестивалот на краток филм. Жири членовите Елеонора Венинова (сценаристка и режисерка), Ангела Стојановска (актерка) и Георге Тодриа (режисер) ги одлучија добитниците на награди. Домашниот филм "Остров" по сценарио и режија на Бранко Костески е Најдобар македонски филм, Балинт Кенјерес е добитник на Награда "Лазар Ѓорѓевиќ" за најдобра режија за "Претстава", наградата "Радислав Ристевски" за најдобра кинематографија се доделува на Џанлука Палма за снимање на "Непријател", авторот на "Мршојадци" Диан Вејс е добитник на Награда "Козјак" за најдобро сценарио, а "Нилски коњи" (по сценарио и режија на Џ.Џ.Лин) е добитник на Награда ФИЛМАЈ за најдобар краток филм

Организаторот истакнува дека е убаво тоа што секој од наградените филмови е авторски создаден - под тоа подразбирајќи дека режијата и сценариото се дело на една иста креативна личност.

Дополнително потенцираат дека има и три македонски филмови во официјалната селекција: "Избор" на режисерот Марко Црногорски, "Зајак" на Ханис Багашов (кој е и сценарист и режисер), и "Мала шега" во режија на Трифун Ситниковски.

Останатите осум филма во официјална селекција се: "Добродојдовте дома", "Норхајмсунд", "Пес и волк", "Aгапито", "Али", "Којоти", "Чоколатце" и "Висок напон".

Осмото издание на ФИЛМАЈ фестивалот ќе се одржи на 27 и 28 мај 2026 (среда и четврток) во Занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот ќе бидат прикажани вкупно 16 кратки филма. Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Во наредните денови организаторот најавува споделување детали за сите филмови, како и за надоаѓачките фестивалски активности.

Информации и детали може да се следат на ФБ страната на фестивалот ФИЛМАЈ.

ОкоБоли главаВицФото