1004 hPa
47 %
14 °C
Скопје - Саб, 16.05.2026 23:00

Со цел да се поттикне современото поетско творештво и да се зајакне културниот дијалог меѓу земјите од регионот, денес официјално е објавен регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“.
Конкурсот има непрофитен културен карактер и е замислен како долгорочна платформа за афирмација на лирската поезија на Балканот, со особен акцент на автентичниот поетски израз, јазичната разновидност и современите поетски тенденции.
Право на учество имаат поети и поетеси од балканските земји (18+), кои можат да се пријават со една необјавена поетска творба, на слободна тема, не подолга од 40 стихови, напишана на мајчиниот јазик на авторот.
Пријавата се доставува по електронски пат и треба да ги содржи следните податоци: име и презиме, град (место на живеење) и држава, e-mail адреса и контакт телефон.
Авторите можат, но не се обврзани, да достават и превод на поетската творба на англиски и/или италијански јазик.
Во рамки на конкурсот ќе бидат доделени прва, втора и трета награда „Арс лирика балканика“, како и посебни признанија: Награда „Калос“ (Kalòs Prize) за поетска извонредност и особен авторски глас, Круна на лириката (Crown of Lyric) за исклучителен лирски израз, и Златна ода (Golden Ode) за поетска творба со изразена тематска и стилска целовитост, додека по одлука на организаторот може да биде доделено и дополнително специјално поетско признание.
Конкурсот „Арс лирика балканика“ претставува специјална секција во рамки на меѓународниот поетски конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“, кој се одржува во Каникати, Сицилија, Италија.
Во таа насока, селекција на најдобрите поетски творби од Балканот ќе учествува и на наградата „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“ за 2026 година, во рамки на меѓународната соработка.
Рокот за испраќање на творбите е 20 мај 2026 година.
Пријавување и информации: arslyricabalcanica@gmail.com
