1004 hPa
47 %
14 °C
Скопје - Саб, 16.05.2026 23:00
Во Северна Америка, во шумите на Калифорнија,
расте дрвото секвоја ‒ постаро од нашата историја.
Замислете старица од четири илјади годови!
Да е цреша, би имало, брате, баеги плодови.
Ги помни диносаурусите и сличните грдосии:
постара е од Библијата, каков бе Мојсиј!
Ништо под небото од неа не е попаметно,
со Сонцето и Земјата таа е начело почетно.
Исправете ја грешкава, молам, па и рикам:
таа пред Колумбо ја открила Америка!
Кеопсовата пирамида не знаеме како се создала,
а секвојата била тука ‒ гледала како никнала!
За секоја приказна, од Ноја до Троја,
просто можеш да ја прашаш таа секвоја.
Превод: П. В.