1003 hPa
51 %
14 °C
Скопје - Саб, 16.05.2026 21:59

Публиката ќе има можност да погледне разновидна селекција на уметнички фотографии, кои претставуваат лични интерпретации на реалноста, емоции и моменти забележани низ објективот на авторите. Од клубот истакнуваат дека изложбата е доказ за посветеноста и сериозниот пристап кон фотографијата како уметност, како и за нивното меѓународно реноме.
Во рамки на отворањето ќе се одржи и свечено збратимување меѓу Фото кино клубот „Козјак“ и Фото клуб Загреб од Хрватска.
По првиот дел од програмата, настаните продолжуваат во НУЦК „Трајко Прокопиев“, каде во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Црно бел Загреб“. На оваа поставка ќе бидат претставени дела од околу 50 автори, членови на Фото клуб Загреб.
Покровител на изложбата е Општина Куманово, со поддршка од Фондација за култура и спорт Куманово, а настанот е под патронат на Фото сојуз на Македонија.
Од организаторите најавуваат и уште еден културен настан, фестивалот на краток филм „Филмај 2026“, кој ќе се одржи кон крајот на месецот.