Промо концерт #2: Yaping Wang, Fracois Mellan, Shingo Masuda

08.05.2026 02:41
 Промо концерт #2: Yaping Wang, Fracois Mellan, Shingo Masuda

Во пресрет на големиот концерт Yordan Kostov Resonant Earth: Collective Ritual (Skopje I), овој настан ќе претставува втор звучен пролог – средба што го проширува хоризонтот на проектот и го поставува неговиот меѓународен и интеркултурен контекст.

Овој пат, во фокусот е дијалог помеѓу три различни музички традиции и сензибилитети, кои се среќаваат во заеднички простор на импровизација.

Yaping Wang – јангџин
François Mellan – туба
Shingo Masuda – канун

Првиот член на триото е Yaping Wang – композиторка и музичарка на јангџин (кинески дулцимер), чија музика ги надминува границите помеѓу традицијата и современоста, комбинирајќи елементи од џез, електронска, барокна и азиска музика. Нејзината работа се темели на постојано истражување на звучните бои и културните пресеци, а како импровизаторка настапува на бројни меѓународни фестивали и сцени во Европа.

Со неа ќе настапува Shingo Masuda – музичар на канун и композитор од Јапонија, чиј музички јазик се обликува низ неговите долгогодишни патувања и престои во Египет, Турција, Тунис и Грција. Неговата практика ги поврзува ориенталните модални системи со современата импровизација, создавајќи звук што истовремено е традиционален и експериментален.

Кон овој игровен музички дијалог се приклучува и François Mellan – тубист чиј инструмент внесува длабочина, густина и телесност во звучната структура, проширувајќи ја динамиката на триото кон поинакви регистри и текстури.

Овој концерт нема да биде само најава, туку лабораторија на односи: помеѓу Исток и Запад, помеѓу традиција и современост, помеѓу структура и слобода.

Она што овде ќе се развие во камерна форма, понатаму ќе се прошири во рамките на Resonant Earth: Collective Ritual (Skopje I) како поширок, колективен звучен ритуал.

Brooklynski
9 мај | 21:00

ОкоБоли главаВицФото