1020 hPa
45 %
26 °C
Скопје - Чет, 18.06.2026 10:02

Плакатот со лик на маж во полупрофил, со цилиндрична шапка, висок, крут и формален околувратник и мустаќи, Михајло Арсовски го дизајнирал во 1976 година за Театар ITD. На светла подлога доминира темна фигура со меки контури и двојно лице.
На самиот раб се наоѓа мал црвен логотип на театарот. Во тоа време Арсовски бил куќен дизајнер на овој загрепски театар, веќе со богат опус на дизајнирани книги, списанија и плакати за најважните културни настани.

Михајло Арсовски
Михајло Арсовски е роден во 1937 година во Скопје. Студирал архитектура и историја на уметност на Универзитетот во Загреб. Периодот во кој започнува да работи како дизајнер е обележан со жива културна сцена и значајна креативна слобода.
Првите плакати што Арсовски ги изработува за Коморна позорница во средината на 60-тите се нагласено минималистички и во хоризонтален формат. Користејќи само типографија, две бои и линија што го врамува текстот, тој постигнува изненадувачка разновидност.

Потоа следи серија црно-бели типографски плакати во кои од зборови гради слики. Типографиите се множат, како и различните големини на букви. Со зголемување, ротирање и преместување на буквите, создава иновативни и духовити решенија.



Освен плакати, Арсовски за ITD дизајнирал разгледници, билети, програмски брошури, календари, како и ентериер, создавајќи еден од првите и најуспешни примери на тотален дизајн во нашата средина. Модернистичкиот амбиент на фоајето, како место за собирање и дружење, го обликува со свој препознатлив визуелен јазик.






Арсовски го дизајнира и шанкот, над кој поставува логотип и висока фигура на мажот со цилиндрична шапка. Со истата фигура во сина, црвена и зелена варијанта ја украсува предната страна на шанкот. Од другата страна ја создава галеријата „4SL“.



Галеријата била дел од ѕид со рамки предвидени за четири експонати и наслов на изложбата над нив. На насловната плоча и денес се наоѓа главата на мажот со цилиндрична шапка.

Во името на театарот „ITD“, Арсовски буквата „и“ ја заменува со знакот „&“, што ги одразува овие влијанија и го истакнува правецот во кој се движел театарот, не само во драмскиот, туку и во богатaтa музичкa и ликовнa програмa.


Интересниот лик на малото „човече“ од 70-тите години се појавува во различни варијации на повеќето материјали како препознатлив знак. Арсовски го презема од една француска гравура со кројачки модел, а подоцна му додава и женски лик, инспириран од илустрацииte на британскиот уметник од крајот на 19 век, Обри Бирдсли.
_resize.jpg)


Користењето цитати, илустрации и фотографии, колажирањето и експериментот се вклопуваат во естетиката на Арсовски. Неговиот дизајн секогаш суптилно одговара на содржината за која е наменет. Тој смета на љубопитен и образован гледач, го повикува на дијалог и игра, нудејќи му толкувања, но и барајќи негова активна вклученост.
Плакатот за Театар ITD ги содржи сите карактеристични елементи на дизајнерскиот јазик на Михајло Арсовски: редукција на бои, користење присвоени и зголемени илустрации, духовита игра со двојно лице и ликовно третирање на буквите.
Овој заокружен опус, создаден за Театар ITD, го достигнува својот врв кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години на 20 век.
