Во КИЦ ќе се одржи промоција на книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време “ од Владимир Лукаш

11.05.2026 00:35
Во КИЦ ќе се одржи промоција на книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време “ од Владимир Лукаш

Во Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време “ од Владимир Лукаш. Промоцијата ќе се одржи на 12. мај 2026 год. во 19:19 часот Салон Империјал 2.

Владимир Лукаш е визуелен уметник, писател и музичар од Скопје. Има реализирано десетина самостојни изложби во Македонија, Србија и Германија, и бил дел од стотина групни изложби, перформанси и филмски фестивали во Македонија, САД, Холандија, Турција, Италија, Мексико, Перу, Кина, Хрватска итн.

Гласовите за целите на промоцијата ќе ги позајмат: Билјана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Ѓорѓи Митревски и Дарин Ангеловски. По читачкиот дел, Георги Шарески ќе изведе мал концерт за големи уши од неговиот репертоар за соло гитара.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото