1015 hPa
82 %
16 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 05:59

Ангела Далингер има култен статус меѓу луѓето што ја сакаат „аутсајдерската“ уметност или субверзивниот ликовен стил. Нејзините слики оставаат чувство како да си сонувал нешто смешно и вознемирувачко во исто време, или како да гледаш интимен момент што не требало да го видиш.
Вистинското име на Ангела Далингер (Angela Dalinger) е Сандра Ангела Вихман. Родена е во 1984 година во Клопенбург во Германија. Студирала илустрација на Универзитетот за применети науки во Хамбург, од 2008 до 2012 година. Живее во Ницендорф, село јужно од Хамбург. Во последниве петнаесетина години имала дваесетина изложби, самостојни и групни, главно во Европа и САД. Објавила и десетина публикации и книги.
Живеела три години во Хамбург, но поради потребата од тишина и намалени друштвени контакти се преселила во мало село со околу сто жители. Работи ноќе, избегнува средби со други луѓе, срамежлива е и несигурна во живо. Иако нејзината уметност изгледа смело и самоуверено, таа самата се опишува како интровертна и анксиозна личност. Важен дел од силата на нејзините дела веројатно доаѓа од таа искреност во соочувањето со себе.
Ангела стана позната уметница и илустраторка благодарение на своите мрачни, иронични и емоционално сурови слики во наизглед наивен стил, со теми истовремено вознемирувачки, духовити и искрени. Луѓето и нивните односи се нејзина средишна тема. Идеите ѝ доаѓаат низ фантазијата и сеќавањата. Ликовите на нејзините слики се осамени, неприлагодени, уморни, емоционално изгубени или заробени во чудни околности. Нејзината уметност често се поврзува со социјалната исклученост, тагата, апсурдноста на секојдневието, телесноста, женственоста, ранливоста, чудното однесување... Контрастот меѓу детскиот, речиси примитивен цртачки стил, и многу зрелите и често непријатни теми и ситуации, е она што ја прави оваа уметност препознатлива.
Во повеќето нејзини слики преовладуваат црниот хумор и панк естетиката. Наместо „убава“ уметност Ангела претпочита искрена уметност. Длабочината и искреноста се нејзин идеал за убавината. Повеќе ја интересира автентичноста отколку техничкото совршенство од типот правилна анатомија или перспектива. Во нејзината работа нема ништо формално или естетизирано. Емотивното, непосредното, несовршеното, спонтаното, наивното, субверзивното за Ангела се поважни од прецизната композиција, техничката виртуозност, совршената перспектива... Иако Ангела има академско ликовно образование, нејзиниот стил суштински е бунт против академската уметност. Таа како повеќе да припаѓа на светот на маргиналната уметност отколку на претенциозниот артизам. Наивната уметност, арт брутот, панк културата, естетиката „Направи сам“, андерграунд стриповите, психолошкиот хорор... ‒ сите тие влијанија се чувствуваат во нејзините необични и предизвикувачки слики. Самата Ангела вели дека особено ги сака сликите на Егон Шиле, Брехт Вандербрук, Жан Корнел, Естер Перл Вотсон, Мазерала Томас...
Тешко беше за Окно да избереме само триесетина слики од фасцинантниот опус на Ангела Далингер, но еве го нашиот избор.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Текст и избор: Тим Дисензус
.jpg)
Проектот „Дисензус“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.