1015 hPa
88 %
15 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 04:59

На 16 мај во 18 часот во Долапче во Прилеп ќе се одржи разговор за книжевното творештво на необичната и важна поетеса Евгенија Шуплинова која, меѓу другото, е првата жена со објавена стихозбирка (1960) во македонската книжевност.
Во разговорот, во рамките на читачкиот клуб ОДРАДЕК, ќе учествуваат: Винсент Вилчник, Филипа Сара Попова, Филип Димкоски и Никола Гелевски (водител).
На истото место во 19 часот истиот ден ќе се одржи и промоција на ДОБРО ПРАШАЊЕ, психолошка игра со карти. Играта ќе ја промовираат, низ играње и разговор: Марија Ангелеска, Давид Стојаноски, Александар Војнески, Никола Гелевски (водител).
Настаните се случуваат во рамките на проектот ДИСЕНЗУС.