1015 hPa
88 %
15 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 04:59
Кога те нема, сè е бестрагие,
немајкаде, башмиéгајле,
отаденикаде, затсештие,
просто и сложено ништие,
аритмично неонско трепкање
и тивко спирално лелекање.
Што има за појадок?
– Нешто досадно.
Што има за ручек?
– Нешто неподносливо.
Што има за вечера?
– Јогурт и смоки.
Ќе се видиме кога летото
ќе се вљуби во студенилото.
Ќе се видиме кога светулките
ќе ја бојкотираат ноќта.
Кога те нема,
докторскиот ракопис станува читлив
и сите болести добиваат смисла.