1015 hPa
82 %
16 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 05:59

Свечено отворање на Фестивалот 21 мај (четврток, 20:00, МКЦ)
Со радост ве информираме/покануваме на претстојното 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал (16. ФФФ), којшто годинава се одржува под мотото „Слобода во слободен пад“. Главната програма ќе се одржи од 21-28 мај во Младинскиот културен центар – Скопје (МКЦ).
Вообичаено Фестивалот содржи разновидни слотови: компетитивни Селекции на краткометражен и долгометражен филм, Селекција на есеј филмови, филмови во Придружна програма, Ревијална програма: Филм-философија (со излагања на гости од Италија, Германија и Бугарија), Едукативна програма (со трите сегменти: Средношколска видеолектира, Работилница за млади и Фил(м)ософија за деца).
Фестивалот на 21 мај (четврток, 20:00) ќе биде отворен со филмот од официјална селекција на долгометражен филм „Друг крај“ на италијанскиот режисер Пјеро Месина. Од друга страна, последниот филм што го снима Жан-Лик Годар, краткометражниот „Сценарија“ е предвиден за затворањето на Фестивалот на 28 мај (четврток, 20:00).
Програма на 16. ФФФ
За времетраењето на Фестивалот во МКЦ ќе можат да се погледнат:
Официјалната селекција на долгометражни филмови (5 филмови)
(селектор: проф. м-р Кирил Трајчев) – освен споменатиот филм за отворањето уште и: „Спомен за мирисот на нештата“ од Антонио Фереира /BR/PT/, „Туѓинка“ од Лусија Алењар Иглесијас /ES/IT/SE/, „Тивок пријател“ од Илдико Ењеди /CN/DE/FR/HU/ и „Месечината ми е татко“ од Георги Овашвили /BG/CZ/DE/GE/TR/.
Официјалната селекција на краткометражни филмови (15 филмови)
(селектор: д-р Дејан Здравков) – филмови/копродукции од 23 земји: OAE, Канада, Шпанија, Хрватска, Србија, Словенија, Литванија, Норвешка, Нов Зеланд, Бразил, Кина, Аргентина, Грција, Палестински територии, Бангладеш, Филипини, Данска, ЈАР, Исланд, Шведска, Мексико, Македонија, Хаити.
Селекцијата на есеј филмови
(7 филмови)
(селектор: Ана Дишлиеска Митова) – „Постојан центар на гравитација“ од Лилија Тимирзјанова /АТ/GR/RU/, „Сина планина. Бел облак“ од Мигле Крижинаускаите /LT/, „Ќе се разбудам кога ќе се наспијам“ од Сиги Голан /IL/, „Ноќните цвеќиња на Дарја“ од Марјам Тафакори / FR/GB/IR/, „Слободна верност“ од Даниел Џин /АU/, „Град на поети“ од Сара Раџаи/NL/ и „Вишок живор (и распаѓање)“ од Стефани Лагард /FR/NL/.
Ревијалната програма
„Филм–философија“ (4 филмови)
„Истражна постапка против еден граѓанин надвор од секакво сомнение“ (1970) од Елио Петри /IT/, излагање и дискусија со публика: Адријано Ерколани (Италиа); „Ах, Кармела!“ (1990) од Карлос Саура /ES/IT/, излагање и дискусија со публика:
м-р Грација Атанасовска; „Патот“ (1982) од Јилмаз Ѓунеј /FR/TR/, излагање и дискусија со публика: проф. д-р Дина Јорданова (Бугарија); „Ќе умреш на дваесет“ (2019) од Амџад Абу Алала /DE/EG/FR/NO/QA/SD/, излагање и дискусија со публика: проф. д-р Илина Јакимовска.
Придружна програма (2 филмови)
„Јилмаз Ѓунеј: Неговиот живот, неговите филмови“ (1987) од Џејн Милс /GB/, обраќање на Донат Којш, продуцент на „Патот“ од Јилмаз Ѓунеј; и „Сценарија“ (2024) од Жан-Лик Годар /FR/JP/.
Целосната програма на 16. Филозофски филмски фестивал е достапна на веб-страницата: pff.mk.