1015 hPa
88 %
15 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 04:59

Професорката на Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Данијела Ефнушева, на 15 мај во 19 часот во Дом на култура „Кочо Рацин“ ќе ја отвори својата самостојна изложба со наслов „Дуалност – секој поглед е своја страна“.
Во соопштението се наведува дека изложбата претставува визуелно истражување на човековото доживување и е составена од циклуси дела што обработуваат теми како внатрешна трансформација, блискост, љубов и емоционална перцепција.
Посебен сегмент на поставката е вклучувањето текстови и поеми создадени со помош на вештачка интелигенција, кои се користат како дополнителен интерпретативен слој. На тој начин, изложбата отвора дијалог меѓу уметноста, технологијата и човечката перцепција, истакнува таа.
Изложбата е отворена за јавност.