1015 hPa
82 %
16 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 05:59

Свеченото врачување на наградата Роман на годината за 2025 година ќе се одржи на 20 мај во просториите на Друштво на писателите на Македонија, со почеток во 19 часот.
Добитничка на годинашното признание, кое го доделува Фондација „Славко Јаневски“, е писателката Оливера Ќорвезироска за романот Три Марии, објавен од Арс Либрис.
Одлуката ја донесе петчлено жири во состав: Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева.
На конкурсот, кој годинава се одржа по 27-ми пат, пристигнале 46 романи, а жирито одлуката ја донело по повеќекратна селекција на делата.
За музичката програма на свеченоста ќе биде задолжен Диџеј Шурбе.
Наградата се состои од статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари. Поддржувач е Министерство за култура и туризам, а генерален покровител Комерцијална банка.