1015 hPa
82 %
16 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 05:59
Со смртта на Предраг Кораксиќ Коракс замина еден од најзначајните политички карикатуристи на просторот на поранешна Југославија. Со децении, неговите цртежи беа остар и бескомпромисен коментар на авторитарноста, национализмот и злоупотребата на моќта. Коракс не беше само хроничар на политичките превирања, туку и симбол на слободното и критичко мислење. Неговите карикатури, објавувани во бројни весници и независни медиуми, често кажуваа повеќе од цели политички анализи. Зад себе остави огромно творечко наследство и пример за уметничка и граѓанска храброст.
Во текот на својата долга кариера објавувал во неколку значајни редакции и весници, меѓу кои „Борба“, „НИН“ и „Данас“, каде што неговите карикатури редовно беа остар политички коментар на актуелните настани.
Роден е на 15 јуни 1933 година во Горња Горевница, кај Чачак, во тогашното Кралство Југославија.
Во прилог дваесетина негови карикатури.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)