1015 hPa
88 %
15 °C
Скопје - Чет, 11.06.2026 04:59
Ти што во мојот сон се будиш со проседи
слепоочници —
Ветар ли си? Камен ли си?
Ако си ветар, со нокти откорни ја оваа тага
во мене што се впила —
Ќе ти бидам жена!
Ако си камен растопи се и низ мене потечи,
како песна кога се раѓа —
Ќе ти бидам верна!
Легни врз мене да те почувствувам,
како земјава што ја чувствувам —
Ќе ти раѓам сè убави синови
Со очи изворски срните горски да ги пијат,
Со снага ветрова долините да лудуваат,
Со срце камено никогаш да не се заљубуваат.