1020 hPa
45 %
26 °C
Скопје - Чет, 18.06.2026 10:02

Деновиве започнаа градежните активности на паркингот помеѓу Рамстор и NLB. Уште еден објект со мешана станбено-деловна намена ќе изникне во блокот кој се презасити со изградбата на комплексот Лимак.
Само да го погледнеме урбанистичкиот план кога започна изградбата над Јужниот Булевар, и да го споредиме со тоа денес што се реализира, веднаш можеме да воочиме какви деградирани урбанистички промени се случуваат на кои им нема крај. Никогаш не е доволно, никогаш не е доста!
Во блокот во кој се направи огромен злостор врз културното наследство – за кои пишувавме во неколку наврати, каде се сруши дел од меморијата на Скопје – Старата Железничка Станица (Музеј на Град Скопје) ние продолжуваме до густина на градење која е несватлива од чиј интерес е.
.jpg)
Дупот кој беше донесен за изградба на Лимак, наспроти тоа што не очекува со измените кои беа донесени
.jpg)
Зеленилото исчезна од овој блок скоро 100%, од зелените површини не остана скоро ништо, што повторно го поставува прашањето на стандардите? Кој ги носи овие урбанистички планови, кој дозволува откуп на овие земјишта и задоволува апетити на бизнисмените кои направија Центарот да наликува на некоја азиска метропола каде популациите во градовите надминуваат 10 па и 20 милиони жители. Во град каде сеуште не сме го достигнале милионот градиме густо и деградираме се на патот, додека големите партии даваат само зелено светло игнорирајќи ја во континуитет фелата.
Извор: https://marh.mk/