1013 hPa
38 %
32 °C
Скопје - Нед, 12.07.2026 16:59

Станува збор за петта продукција на независниот театар „Штрих“, која преку елементи на научна фантастика отвора прашања за амбицијата, осаменоста, невидливоста и потребата човекот да верува дека има право на иднина.
„Првиот Македонец во вселената“ не ја обработува вселената како научен концепт, туку како простор за преиспитување на соништата, идентитетот и чувството на припадност. Авторот и режисер Борис Василески посочува дека претставата започнала од прашањето што би се случило доколку еден Македонец навистина поверува дека може да стигне до вселената.
Драматургот Марио Стојаноски ја опишува претставата како епопеја за остварувањето на соништата со кои луѓето се простиле, но и за заспаните амбиции на малите народи.
Во актерската екипа настапуваат Марјан Наумов, Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Јанка Лефкова и Ана Грамосли / Вера Тошева.
Претставите ќе започнат во 20 часот, а билетите се достапни преку платформата Tix.mk по цена од 600 денари.