1014 hPa
73 %
18 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 04:07

Опусот на Елизабета Костова побудува кротка и милозвучна катарза која не поведува кревко како сонлива доживелица на една лелејава променада, во еден тивок свет на дисперзирани мигови, на сетилното и вонсетилното, едновремено.
Полека и ненаметливо, како да провева времето одминато низ лавиринтите на мигот сегашен, преточен во сфуматото на зајдисонцето или изблик на радоста која го оваплотува изгрејсонцето на животот, низ различни предели на интимизмот, колоратурата на пигментите се распрснува и обојува време, простор, расположение, од кревка тага, осама, до меланхолијата, со длабока резигнација...и пак повторно не наврака кон радоста на мигот и блесокот на животот вткаен во светлината, која допира од инкарнатот на пределот, на боите, на формата, на структурата, недофатлива во мигот на потрепнувањето, блескоти, sуни, одзвонува или понорува во контемплацијата на мигот, денот, на пределот во нас, едновремено толку стварен и толу нестварен, како мизансцен оттргнат од сонот, или подзаборавена сказна...се напластуваат и разминуваат сегменти од секавањата толку кревки, тивки, нечујни, а сепак стварни, мокни во сугестијата, во проекцијата на нихилизмот, на празнината, на загубената илузија...и пак наеднаш повторно изблик на пролетната растрепереност, на вибрантниот прасок на колоратурната гама која прераснува од скерцо во мало ноктурно, променада, синфонија на денот, мигот, на светлината која обојува, вообличува, загатнува, мистифицира и демистифицира предели, коронки на возљубеноста од животот, од радоста на живеењето, постоењето на сите празнувања и восхитувања, на допреноста на велигденското, божикното, осмо-мартовското чествување, од допреноста на сите празнувања знани и незaни, длабоко некаде загатнати во нас самите кои едновремено одзвонуваат и ги повикуваат радосниците и гласниците на едно поинакво, загубено, потиснато, незаборавено или ова наше време спевувајки ја низ превезот на гамата химната на Денот кој одново се раѓа и блескоти, распрснaт низ флуидот, трепери и блескоти во сета своја убавина!
(Кон изложбата " Акварели" 2021 год)
.jpg)
Елизабета Костова родена е 1953год. Во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, одсек клиничка психологија, 1977год.
Самостојни изложби:
1989 год. Дом на АРМ во Скопје
1991 год Дом на АРМ во Скопје
2002 год. Галерија на ДЛУМ
2019 год. Дом на културата „Кочо Рацин“, Скопје
2020 год. Дом на културата „Иван Мазев Климе“, Кавадарци
2021 год Дом на културата „Кочо Рацин“, Скопје
2023 год. Дом на културата „Кочо Рацин“, Скопје
2024. год Културен Центај Јадро, Скопје
Учесник е на повеке групни изложби и активен член на ДЛУБ