Уште се мантра за некакви европски вредности?!

27.05.2026 02:04
Уште се мантра за некакви европски вредности?!

Проф. Глен Дизен:

Нашите лидери започнуваат нелегални, бесконечни војни; го поддржуваат геноцидот во Газа; ја поддржуваат нелегалната војна против Иран и нападите врз нуклеарни постројки; се здружуваат со лидери на Исламската Држава во Сирија; ја собориja власта во Киев и се сојузија со фашистички милиции; го извалкаа килимот за Талибанците, и така натаму.

Но политичко-медискиот естаблишмент ја убеди јавноста дека дипломатијата со Русија е неприфатлива, бидејќи тоа се коси со нашите „вредности”. Навистина, она што политичко-медискиот естаблишмент го смета за морално е да се бојкотира дипломатијата со години и да се тврди дека оружјето е патот кон мир — додека стотици илјади млади мажи гинат на бојното поле. Не смее да има никаква дискусија или дебата, зашто секој кој ги критикува овие политики е оцрнет, цензуриран, кенселиран, а можеби дури и санкциониран. Нападите врз личноста и заплашувањето станаа нова норма; признавањето на конкурентните безбедносни интереси на големите сили се третира како предавнички обид да се „легитимизира” и поддржи непријателот; преговорите се попустливост; а војната стана доблесна борба против злото. Дали Европа е киднапирана од идеолошки воинственици?

Кирил Арсов:

Јас би направил паралела со германскиот Staaträson, според кој поддршката кон (сега веќе на секој минимум чесен пред себе човек му е јасно - геноцидната) држава Израел е безусловна и за неа не се дискутира. На сличен начин ова ЕУ на фон дер Лајен, Калас, (Ш)Мерц, Макрон, Стармер… категорички одбива било каква можност за дипломатија со Русија. Не само тоа туку во последно време дозволува напади врз руска територија од нејзина територија, нешто што беше незамисливо за време на студената војна. Ај што Украина не дава 5 пари за нуклеарното одвраќање, туку и нејзините спонзори се со тој памет. Неверојатно!

Тоа што си ги уништуваат економиите и благосостојбата на сопствените граѓани е башка.

П.С. Ги видовте ли снимките од сведочењата на учесниците во флоатилата со хуманитарна помош за Газа? Покрај ѕверското однесување, физичко мачење, оставање на сонце со раце на грб и клекнати колена со часови, без храна, вода и лекови, има и 11 чинам силувања. Врз граѓани воглавном од ЕУ. Какви се реакциите на ЕУ? ЕУ не презема ништо да ги заштити, а беа киднапирани во меѓународни води.

Згора на сѐ, за да ужасот биде потполн, на аеродромот во Билбао, пред очите на нивните најблиски и пред камерите на медиумите беа претепани уште еднаш од шпанската полиција.

И уште се мантра за некакви европски вредности?

Мрачно, другови, мрачно.

Карикатура: Emanuele Del Rosso