Изложбата „Вибрантни идентитети“ ќе биде поставена од 1 до 5 јуни во Домот на култура „Кочо Рацин“

27.05.2026 14:14
Изложбата „Вибрантни идентитети“ ќе биде поставена од 1 до 5 јуни во Домот на култура „Кочо Рацин“

Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, на 1 јуни со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Вибрантни идентитети – кога глината и дигиталната уметност зборуваат заедно“, проект поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес за 2026 година.

Изложбата претставува спој на традиционалните уметнички форми и современиот дигитален израз, преку кој авторката истражува различни визуелни и идентитетски наративи.

Организаторите посочуваат дека изложбата има за цел да отвори дијалог помеѓу материјалното и дигиталното творештво, при што глината и дигиталната уметност се поврзуваат во единствен современ уметнички концепт.

Отворањето ќе се одржи во просториите на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

Слични содржини

Активизам / Квир / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото