Прашалник за Саша Станишиќ

01.04.2011 11:33
Саша Станишиќ

 

1. Зошто снимаш филмови?

Немам попаметна работа.

 

2. Дали со оваа професија би се занимавал доживотно?

Не. Тоа е професија со бенефициран работен стаж.

 

3. Кои други уметности те интересираат?

Готвење.

 

4. Последното нешто што ти го промени погледот на она што се случува околу тебе?

Смртта на комшијата.

 

5. Од кој елемент од своето опкружување не би можел да се откажеш?

За жал, од компјутерот.

 

6. Според кои книги би снимил филм?

Убик од Филип Дик.
Авантурите на Зоки Поки од Оливера Николова.

 

7. Филмски цитат што си го повторил повеќе од 3 пати?

I’ll be back.

 

8. Најдобар начин да се отпатува во некој друг свет е?

Сон.

 

9. Со кои 5 режисер(к)и би сакал да отидеш на вечера?

Со Гаспар Ное во суши бар во Токио.
Со Вуди Ален во некој њујоршки џез ресторан.
Со Давид Линч на кафе и пита со вишни вo некoе мало американско градче.
Со Скорсезе во италијански ресторан.
Со Тарантино не би идел на вечера, туку на голема приватна журка во Холивуд каде што би им досадувале на другите зборувајќи за омилените филмови.

 

10. Со кои 5 глумци/глумици би сакал да отидеш на забава?

Настасја Кински.
Скарлет Јохансон.
Паз де ла Хуеарта.
Кејт Бланшет.
Занг Зеј.

 

11. Кој е најдобриот македонски филм според тебе?

Црно семе.

 

12. Би снимил ли порнографски филм?

Зошто да не. Римејк на Калигула, на автентични скопски локации.

 

13. Те интересира ли политиката?

Да го цитирам Хунтер Томпсон: политиката е начин да ја контролираме нашата околина. Во тој контекст длабоко ме засега политиката.

 

14. Што би променил во градот во кој живееш?

Луѓето.

 

15. Што сакаш другите да мислат за тебе?

Да се прашуваат што мислам за нив.

 

16. Македонија е...

Вкусна овошна салата.

 

17. Доколку Скопје би бил голем трговски центар, каде би било местото во кое ти би се чувствувал најудобно?

Тоалетот.

ОкоБоли главаВицФото