1018 hPa
73 %
22 °C
Скопје - Пет, 17.07.2026 00:59

Во Културно Информативен Центар, Салон 19.19., во вторник, 09.06.26., во 19 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Нервозна сум“ од Стефанија Граовац.
Промотор ќе биде уредникот на книгата Никола Гелевски.
Песни од стихозбирката ќе читаат: Илмије Ахмет Халил - Муши, Кристина Трајановска, Мартин Смилески, Билјана Дуковска, Јасмина Руневска, Дора Јурукова, Љупка Евроска, Сашо Наскоски и Ана Чушкова.
Книгата ја објави книгоиздателството Темплум.
Печатењето на книгата го помогнаа дваесетина луѓе со свои парични прилози.