Отворање на изложбата „Пркосните 12“

12.06.2026 09:29
Отворање на изложбата „Пркосните 12“

Граѓанската организација ПРКОС со задоволство ве поканува на отворањето на изложбата „Пркосните 12“, на 12 јуни, во КСП Центар Јадро, од 20 ч.

Таа е завршница на нашиот тримесечен инклузивен курс за фотографија, кој се одржуваше пролетва, под менторство на Драги Неделчевски.

Изложбата се состои од 30 портрети направени меѓу дванаестте учесници, на практичниот дел од програмата. Низ секоја од десетте работилници тие имаа можност да учат, истражуваат и создаваат преку медиумот на фотографијата. Но и да изградат простор на меѓусебно разбирање и помагање, дружење и забавување. Заедничката работа создаде силна поврзаност меѓу учесниците, а фотографијата стана средство за комуникација и експресија.

Следствено, дванаесетте пркосни фотограф(к)и, се воедно и модели во фотографиите на своите колешки и колеги со сета своја автентичност:
Маја Цветаноска,
Љубинка Поповска,
Ирена Поповска,
Вероника Љоровска,
Марина Настевска,
Сузана Стојановска,
Никола Стојановски,
Небојша Гелевски,
Љубинка Брашнарска,
M
арија Савеска,
Оливера Савеска и менторот Драги Неделчевски.

Курсот беше инклузивен во секоја смисла; и во однос на возраста и на попреченоста. Меѓу луѓето брзо се створи спонтана интеракција, синергија и емпатија. И некако овие атрибути јакнеа секој следен час. А да се спојат и сплотат вакви, такви и онакви учесници од 25 до 75 години е вистинско задоволство. Всушност, тоа беше таа толку посакувана инклузија преточена во реалност.

Изложбата која прикажува портрети создадени за време на две фотосесии реализирани во рамки на курсот претставува значајна документирана трага за едно исклучително вредно човечно и креативно искуство. Таа е сведоштво на едно убаво поминато заедно време во кое секој стави и остави свој личен фотографски печат. Со презентирањето пред очите на јавноста тоа добива поширок општествен контекст.

Плакатот за изложбата го дизајнираше Вероника Љоровска.

Изложбата ќе биде отворена до 19.06.2026, а влезот е бесплатен.

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Став / Живот
Општество / Активизам / Фотографија / Култура / Музика
Општество / Активизам / Култура / Уметност
Општество / Живот / Култура
Општество / Психологија / Живот / Култура
Општество / Активизам / Култура

ОкоБоли главаВицФото