1010 hPa
26 %
38 °C
Скопје - Нед, 19.07.2026 17:59

Мистериозниот случај
Георги Старделов на својот постар редакциски колега Димитар Митрев еднаш во „Јоле“ му раскажал („Те молам, за ова никому ни зуц, главата може да ми летне!“) драматична надреална случка од канцеларијата на списанието „Современост“.
„И сега, Димитар, не можам да си дојдам на себе! Страшна и неверојатна работа! Толку ме извади од памет што морам да ја споделам со некого. Еве, трет ден веќе лежам на кауч и треперам од страв. Ништо не разбирам.
Некни ја средував канцеларијата на „Современост“. На ѕидот висеше, како што треба, портретот на Јосип Броз Тито. Чистејќи прашина, го симнав портретот од ѕид, го забришав и го закачив наопачки. Потоа се оддалечив за од дистанца да видам виси ли право. Но кога го погледнав, нозете ми се отсекоа, а косата ми се накостреши. Наместо Тито од ѕидот ме гледаше страшен брадест старец со некакво смешно капче на џуџе. Истрчав од собата врескајќи. Како Тито за само една минута се претворил во страшен брадест старец? Можеш ли, колега, тоа некако да ми го објасниш?!“
.jpg)
Живо оригами
Канабе
Еднаш Коле Чашуле, додека бил интендант на Македонскиот народен театар, за својата директорска канцалерија добил канабе, четири стола и фотелја. Седнал Чашуле на столот крај прозорецот, ама повеќе му одговарало да лежи на канабето. Легнал Коле на канабето, ама повеќе му се седело во фотелјата. Станал од канабето и седнал во фотелјата како крал, ама почнале да му се вртат мисли дека фотелјата е премека. Подобро, брате, просто на стол. Преминал Чашуле на столот крај прозорецот, ама таму баш не му одговарало оти крај прозорецот дувало. Коле тогаш преминал на столот крај печката, осетил умор и решил да легне на канабето да се одмори. Но, не стигајќи до канабето, свртел настрана и седнал во фотелјата.
— Е, овде е одлично! — рекол Коле Чашуле, и веднаш додал: — Ама на канабето, простете, е подобро.
Импровизација
Како што е познато, поетот-ловец Славко Јаневски имал куче по име Балаган. И така еднаш, капејќи се во езеро, Славко Јаневски ѝ рекол на толпата што се собрала на брегот:
— Саде ураган рие земја Балаган!
Во истиот момент оваа импровизација на нашиот познат поет-ловец станала прочуена македонска изрека.
.jpg)
Што ве наведе на помислата дека би сакале да ме нацртате?
Карикатури: Дејв Коверли