Домата(а) на Ева и јаболкото на Адам

16.06.2026 12:16

Непрестајно Ева ја поврзуваат со библиското јаболко
а никој ли не гледа дека во јазикот
зад смоквиниот лист
можеби лежи свиткан смокот
а во доматот
дека се крие нашата дома

Доматот секако е овошје
па можеби затоа го побркале со јаболко
но поверојатно е дека јаболкото станало рајски плод
поради неговата позлата
од сјајната златна јаболкница

А во јазикот толку убаво
си останало значењето
дека доматот
потсетува на нашата дома
а јаболката
потсетуваат ли на болката
по таа иста дома
што како недоречен збор
седи заглавена во грлото
како Адамово јаболко
без да може да се исплука
како црвојаднина

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото