1010 hPa
26 %
38 °C
Скопје - Нед, 19.07.2026 17:59

Изложба на постери и графики на 16.06.2025, 19 часот во Монтажна галеријa.
Изложба на постери и графики на Кристијан Новковски во Монтажна галерија.
16.06.2025, 19 часот.
Петгодишно патување низ мистични соништа и психоделични простори каде иако навидум патувањето е само минување, всушност низ него човековата природа на еден неочекуван начин се среќава со фантазијата, симболите и прашањата кои будат нови доживувања. Низ секое дело, секоја линија и форма, авторот создава свој автентичен визуелен универзум, каде доживувањето на стварноста создава поинаква реалност во која човековото тело предметите и појавите постојано метаморфозираат низ поинакви облици. На работ помеѓу реалното и надреалното, секоја композиција ја создава потребата од внимателно набљудување и моментално втурнување во нејзиниот свет за да може да се забележат сите нејзини детали и микросветови кои ја сочинуваат.
Оваа изложба не е само една репроспектива на петгодишното творештво на авторот туку сама по себе е порив за нови истражувања. Хипнотичкиот визуелен јазик кој го користи авторот е секако продукт на остриот контраст, смелиот колорит и јасната и прецизна линија, која е на некој начин и носител на целата атмосфера во делото. Да се одврзе јажето на имагинацијата и да се пушти слободата во непрестојано талкање, реметејќи ја досадноста на секојдневието без страв дали летаме надвор од фреквенцијата на нормалноста. (Елена Билбиловска)
Музичка селекција: Бојан Шашевски Шаше