1011 hPa
31 %
37 °C
Скопје - Нед, 19.07.2026 16:59

На 19.06.2026 (Петок) во 20 часот.
Отворено графичко студио
19.06.2026 (Петок), 20 часот
Дизајн на плакат: Марко Печеновиќ
МОРФОЛОГИЈА НА ГРАДОТ - Изложба на Јелена Белиќ
НЕШТАТА ШТО ИСЧЕЗНУВААТ - Промоција на фанзин - Партизанска штампа и Скопје Колаж Колектив
КОНЦЕРТИ: Тодор Караколев / Yva & Toy George
Максим Наумовски
Графика и музика
Скопје е град кој како никогаш да не успеал да донесе конечна одлука за сопствената форма.
Можеби токму во тоа се крие неговата особеност…
…Од такво набљудување произлегува и изложбата „Морфологија на градот“.
Делата не го прикажуваат градот како препознатлив пејзаж. Вниманието е насочено кон неговите траги: линиите, структурите, преклопите и празнините преку кои може да се насети процесот на неговото создавање. Скопје се појавува како сложен и недовршен организам, во кој рационалните архитектонски структури коегзистираат со органски, непредвидливи процеси. Секоја графика функционира како визуелен есеј за тензијата меѓу редот и случајноста, меморијата и заборавот, природното и изграденото.
Техниката на сито печат дополнително ја нагласува нивната природа. Поместувањата меѓу слоевите, неочекуваните преклопувања и несовршености се дел од процесот. Во нив може да се препознае истата непредвидливост што ја обликува и самата урбана средина, каде намерата и случајноста ретко можат целосно да се раздвојат.
Токму во тие траги, поместувања и преклопувања се открива и предметот на оваа изложба. Вниманието е насочено кон основните ткива на градот што лесно можат да исчезнат од погледот, засенети од наслојувањата и постојаните промени. Но нивната важност не лежи во нивната трајност, туку во способноста преку нив да се читаат процесите што го обликуваат градот. Во тие структури Скопје не се појавува како град што ја пронашол својата конечна форма, туку како простор во кој различни времиња, намери и трансформации продолжуваат истовремено да опстојуваат.