Имав сон

01.04.2011 13:36
Имав сон

BLUES песна

Косата ми мириса на смог
Ох бејби
Ти ми рече:
Косата ти мириса на Скопје
Рече:
Косата ти мириса на скопскиот смог
О бејби
Јас ти реков:
Извини.

I had a dream (Имав сон)

Сакав
Метар и седумдесет
Црни штикли
И тегет Буба
Металик
Кабриолет
Бели нозе
Долга коса
И цицки како Моника Белучи
Тегет фустан со бели точки
Пред воланот
Бела ружа
И црвено светло на семафор.

Немам Буба
Бела ружа
Ни фустан
Ни тегет немам
Само бели точки
Во очите.

Кучка

На Сергеј Есенин

Кучката роди кученца
Кучката ги остави кученцата
И замина да шета
Чичкото ги најде кученцата
Чичкото ги зеде кученцата
Чичкото ги фрли кученцата
Кученцата уште беа слепи
Кучката задоцни!

Ода за турбофолкот

Не ги сакам твојте лаги
Вечерва, драги
Не ги сакам твојте лаги
Не, не вечерва
Немој, драги!
Доста ми е од твојте лаги
Доста е, сфати
Доста е драги
Не ги сакам твојте лаги
Не ги сакам, не
Твојте лажни лаги
Мој драги.

Отворена книга

Ти си отворена книга,
ми вели,
Ти си кактус во форма на срце.
Ти си мачка,
сама и накисната од октомвриските дождови.
Ти си книга,
ми вели,
Убава, специјална книга,
која ја читам само кога врне,
додека слушам џез...
Ти си книга
што сакам да ја читам,
што избирам да ја читам за празници,
за специјални пригоди.
Ти си книга,
која стои на мојот facebook books tab.
Ти си илустрирана книга,
илустрирана книга поезија.
Ти си мокра книга,
те наврнале октомвриските дождови,
те замрзнала утринската слана.
Ти си згужвана,
тажна,
специјална книга.
Стоиш сама на полицата.
Ја купив само за тебе,
рече,
Ти ја купив полицата во Лондон.
Ти си книга
за специјални пригоди.
Те читам кога сакам да се почестам.
Но не ме оставаш на мира,
го шириш тој мирис,
таа смрдеа на скапано цвеќе,
на мокра хартија...
Ме викаш,
сакаш да те читам секој ден?!
Те зедов од полицата,
беше целата накисната,
но денес не врнеше дожд?!
Моја драга,
солена,
осамена книго,
ќе те отворам
Утре...
Ќе те читам
Задутре...
Ќе те прочитам
за два
или три дена...
И тогаш, моја книго,
едноставно
ќе те вратам во библиотеката.

Fuck you, Disney

Волт Дизни ми го уништи животот.
Моите метафори се Disney-like.
Кучињата секогаш се на пат кон дома,
мачките имаат сина крв,
птиците водат beauty contest:
-Пе-пе-лашка!
-Сне-жа-на!
-Сне-жа-на!
-Пе-пе-лашка!
-Сне-жа-на!
-Сне-жа-на!...
А гавраните,
гавраните зборуваат шпански.
Секое утро ревносно ме будат:
-Fuera! Fuera! Fuera!!!
Тие врескаат и јас излегувам од дома.
Но никогаш без својата песна во глава на REPEAT,
мојата неверојатна имагинација
и моите карма-прстенчиња.
И почнува!
Дизни перцепција на светот!!!
Рапсодија од бои,
кои шумат во мојот ум,
старите баби се маскирани злобни кралици,
дедовците – мудри кинки старци или волшебници,
а децата,
па тие воопшто не растат?!
Малите маченца се опасни лавови и тигри,
гуштерот – страшен крокодил,
зградите се инаетат на гравитацијата
и сите закони на физиката...
- Кат!!!
- Пауза!
Мирис на липа.
- Земете пауза сите! – вели режисерот.
Актерите се опуштија и одлепија од својата лепенка –
метафора.
Мирис на липа....
- Дишете длабоко!
Мирис на липа...
- Вдишииии, задржиии.... издиши и брзо пак вдишиии и
АКЦИЈА!!!
Продолжува мјузикл!
- Камера, вклучувај VIVID филтер!
- GOD, play some mother fucking music!!!
Everybody dance, dance, dance,
just dance,
(gonna be OK)
just dance, dance, dance,
la la la la
just dance…

ПОСЛЕДНА ПЕСНА ЗА ТЕБЕ

Лето
нафта
и кокошкин измет
е последната песна за тебе...

Појас
од старо Фиќо
седиште од точак...
Лулашка
е последната песна за тебе...

Мачешки опаш
тивко ветре
лозови гранки
се последна песна за тебе...

Штурци
комарци
и крастави жаби
се последна песна за тебе...

Самовилска коса
вртипоп
копнеж
е последната песна за тебе...

Зеленото мече
жилет на слика
Ерик Клептон
е последна песна за тебе...

Месечина
ѕвезди
и мастика Орбит
се последна песна за тебе...

Рамацоти
Тина Тарнер
роза во заби
е последната песна за тебе...

Двојка
пред Пошта
Алберт Ајнштајн
е последната песна за тебе...

Касетофон
цртеж
седење под маса
е последната песна за тебе...

Врвка на зглобот
солза
и бакнеж
е последната песна за тебе...

Цело ебано детство
во Старки
и Мартинс
е последна песна за тебе...

Јулијана Величковска на својата стихозбирка и’ го дала насловот "Комарци" – на тој начин, стапувајќи во редот на авторските писма, кои првенствено сакаат/тежнеат да останат непретенциозни, во дослух со современото поимање и доживување на поезијата како де-мистификација. Нејзините песни се проткаени со урбаната, мултимедијална култура на рекламни пораки и задолжителни брендови, во кои лирскиот субјект авто-иронично ја маркира сопствената како "Дизни перцепција на светот". Или, во духот на популарните ТВ сапуници, констатира "животот ми се претвори во шпанска серија: многу епизоди, малку случувања".

Лирскиот субјект недвосмислено настапува од позицијата на бунтовно обоената и егзистенцијално освестена родова припадност и пред-одреденост, духовито поигрувајќи со актуелните, медиумски поддржани стереотипи за ортодоксната женственост: "Сакав метар и седумдесет/црни штикли/и тегет Буба/ металик/кабриолет/бели нозе/долга коса/и цицки како Моника Белучи".

Од рецензијата на Проф. Д-р Елизабета Шелева

Цртежите со кои е илустририран овој прилог се на авторката.

Јуле rulez! Нејзините песни

Јуле rulez! Нејзините песни се супер, иако во овој избор недостасуваат моите фаворити како „Комарци“, „Sweet dreams are made of this“, „Мачка во вжештениот лимен автобус“, „Кловновски чевлички“... Препорачливо е песните на Јуле да се слушаат кога ги чита самата таа, а книгата може да си ја набавите во книжарницата КАВКАЗ. Ете, мала реклама :)

ОкоБоли главаВицФото