1018 hPa
73 %
22 °C
Скопје - Пет, 17.07.2026 00:59
Има звуци што се појавуваат
само еднаш во ноќта:
збудалуваат в миг и постојат
колку да ги наречеме енигма.
Потоа исчезнуваат во ритамот
на бувовите, во зуежот
на цицачите, во териториите
на лајачите, во химните
за деветте раѓања на мачките.
Има звуци што се појавуваат
само еднаш во животот
како чекори врз расцутена лава
од млад и надежен вулкан.
Потоа исчезнуваат во здивовите
на љубовниците, во ореолите
на уличните светилки, во молкот
на подземните гаражи, во опелата
за деветте умирачки на мачките.