1010 hPa
26 %
38 °C
Скопје - Нед, 19.07.2026 17:59

На 3 јули (петок) во 19.30 часот во бавчата на кафето „У“ во Гевгелија ќе се одржи разговор за уметничкото творештво на поетот и актер Бошко Бозаџиевски (1981–2008).
Во разговорот, во рамките на читачкиот клуб ОДРАДЕК, ќе учествуваат: Миле Ничевски, Стефчо Стефанов, Ѓоко Здравески и Никола Гелевски (водител).
На истото место во 21 часот истиот ден ќе се одржи и промоција на ДОБРО ПРАШАЊЕ, психолошка игра со карти.
Играта ќе ја промовираат, низ играње и разговор, Габриела Стахурска Гошева, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓуров, Стефчо Стефанов, Миле Ничевски и Никола Гелевски (водител).
Настаните се случуваат во рамките на проектот ДИСЕНЗУС.
.jpg)