„Фрагменти од НАС“ - изложба на Кети Талевска Бакревска во „Јадро“

09.07.2026 16:47
„Фрагменти од НАС“ - изложба на Кети Талевска Бакревска во „Јадро“

Вечерва во „Јадро“ во 20.00 часот ќе биде отворена изложбата на Кети Талевска Бакревска „Фрагменти од НАС“.

Изложбата е интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество — тело, мисла и дух — изразено преку јазикот на лумен принтот, процес што ја користи светлината на сонцето како ко-автор. Овде му дозволуваме на моментот да се случи, да се впие, да остави трага. Просторот е поделен на три столба на постоењето, претставени преку три женски силуети, сите создадени исклучиво со лумен техника.

Кети Талевска Бакревска (Битола) е фотографка која работи со алтернативни фотографски процеси како лумен принтови, цијанотипија, класична аналогна фотографија и камера обскура. Нејзините дела се инспирирани од природата, светлината и трагите што тие ги оставаат на хартија. Зад себе има две самостојни изложби и учество во повеќе регионални и европски проекти. 

ОкоБоли главаВицФото