Постојам и на друго место

10.07.2026 11:52
Постојам и на друго место

 

Постојам и на друго место
(според Николина Андова Шопова)

Во зборовите кои ги премолчувам
И во тишината што не ја слушам.
Другото место не е топоним, туку чувство.
Вон мојот кревет
Тело што се движи без грчеви,
Лабави мускули што држат еспресо тоник.
Длабоко во тишината
Каде што сенката не ме следи,
Каде што сонцето посилно свети.
И во зениците на убиените деца постојам.


Песна од учесниц/чките на онлајн курсот по креативно пишување: Стефанија Ристоманова, Наташа Дукоска, Ангел Димитриевски, Бисера Башевска, Симона Паунова, Јасминка Митковска.

Курсот го водеше Лидија Димковска, според концептот на Cadavre exquis.

Песната е во чест на Николина Андова Шопова, а за појдовен поим го има нејзиниот стих „Постојам и на друго место“.

Слика: Henry Darger 

ОкоБоли главаВицФото