1018 hPa
72 %
13 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 06:21

Никола Гелевски, главниот уредник на Окно и Темплум, минатиот месец ја доби наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026, признание што се доделува во рамките на стрип-фестивалот „Стрип Трип“. „Наградата му се доделува за неговиот долгогодишен значаен придонес во развојот, афирмацијата и видливоста на современиот македонски стрип. “
По свеченото доделување на наградата (на петти јуни 2026 г. во МКЦ во Скопје), Ивица Дукоски, еден од уредниците на Стрип Трип фестивалот, разговараше со Никола Гелевски.
Тој 34-минутен разговор можете да го слушнете овде.