1019 hPa
72 %
17 °C
Скопје - Пет, 14.08.2026 04:59
Социјалдемократите и демохристијаните заедно сметаат дека правото на сопственост и на градење на Водно е поважно од правото на граѓаните да бидат безбедни од тоа Водно да не им се сруши на глава.
Двете најголеми партии (без поединци) си го изгласаа Нацрт-ДУПот за Барутана со кој на подрачје на Водно кое е означено како подрачје под влијание на ерозија се планира изградба на уште 25 големи објекти од кои 24 се приватни куќи - хациенди.
Советниците на Шанса за Центар, Левица и ЗНАМ и уште двајца поединци од големите партии беа против ваквото искористување на падините и шумите на Водно.
Ако Галите во стрипот „Астерикс и Обеликс“ се плашеа „небото да не им падне на глава“, скопјани и особено центарци, треба веќе да се плашат Водно да не им падне на глава.
Не може да се задоволи огромниот апетит за разјадување на шумата на планината која треба да го штити градот од поројни поплави и лизгање на земјиште.
„Шанса за Центар“, Совет на Град Скопје, 15.07.26.