1018 hPa
72 %
13 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 06:14

Фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот и промоција на книга на Ана Мартиноска и Жарко Иванов.
На 26 јули, денот кога Скопје повторно се навраќа кон својата најдлабока рана, ќе се случи отворањето на изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот и на промоцијата на дополнетото и двојазично издание на книгата на Ана Мартиноска и Жарко Иванов „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov)”.
Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.
Книгата и изложбата отвораат два влеза во истиот архив: преку зборот и преку фотографијата, преку гласовите на жените што ја оплакувале загубата и преку погледот што ги сочувал нивните лица, движења и обреди.
Овие архивски материјали, повеќе од шест децении недостапни за јавноста, денес сведочат за тагата како лично искуство, заеднички обред и дел од културната меморија на градот.