1015 hPa
49 %
19 °C
Скопје - Пон, 17.08.2026 00:59
Едно младо сонце избегано од татка си
се насели на ледина меѓу ледени планини
Не го препознавме веднаш и го погледнавме попреку
Тоа ги засука ракавите и ја преора земјата длабоко
додека не стигна до нејзината утроба и нејзиното срце
Кога од трудовите здивна поздрави весело со раката
и се издигна како тица со крилјата над самата темница
И ги осветли сите патеки сите крстосници и ќорсокаци
и во сјајот ги покажа своето орање и нашите лица
Се прегрнавме тогаш како да сме го чекале само тоа
Станавме блиски па како едно
и јадевме и пиевме како од искона да сме биле тука
Не навраќаше сонцето од лето до лето само
и на јаловата долина цвет до цвет да процвета
Младото сонце ненадејно се открадна од нас
Каде отиде како и зошто
тоа сам добриот бог сега може да го знае
И можеби би го заборавиле како убава случајност
(како што наминало така си заминало)
кога со сето сво битие уште не би се грееле
Од тие негови дамнешни златни и топли дланки
Превод: П В.
Мехмедалија „Мак“ Диздар (17 октомври 1917 - 14 јули 1971 во Сараево) — босански поет, еден од најголемите југословенски поети од втората половина на дваесеттиот век.
Диздар завршил основно училиште во својот роден град Столац, а гимназија во Сараево. Во текот на Втората светска војна бил приврзаник на комунистите и на партизаните.
По војната Диздар се истакнал како една од највидните личности во културниот живот во Босна и Херцеговина. Работел како главен уредник на дневниот весник Oslobođenje, како предводник на неколку издавачки куќи и, на крајот, како професионален писател и претседател на Друштвото на писателите на Босна и Херцеговина, сè до неговата смрт во 1971 година. Негова најпозната и култна книга е „Камени спавач“, една од најдобрите југословенски стихозбирки на сите времиња.