По 35 години од прогласувањето независност, гледаме дека државата ни се претвори во елементарна непогода

27.07.2026 12:08

Не ни пречи дека ни е загадена почвата. Не ни пречи дека ни е загаден воздухот. Сега веќе не ни пречи и дека ни е загадена водата. Дека не ни се сигурни дискотеките, автобусите, болниците, жичниците, градилиштата, фабричките мензи… Дури и парите што сме ги тргале за старост во задолжителниот приватен пензиски фонд не ни се сигурни.

Сведени сме на голо преживување од ден за ден, оти партиите од државата ни направија катастрофа со која очигледно не можеме да се справиме.

Горан Михајловски, СДК, 24.07.26.