Секој ден си велам ова е дното, не може полошо, ама оптмистот ми вели може

28.07.2026 11:55

Секој ден си велам ова е дното, не може полошо, ама оптмистот ми вели може. И во право е.  Ова нема врска со власта, ама има со сите власти. И нема врска со мојата струка.

Денес на вести ЈП Комуналец Гостивар изјавува: „Швајцарскиот грант од седум милиони евра е блокиран зашто ЈП Патишта (централна власт) уште не ни издало, а минаа 2 години, одобрение за поставување цевка во должина од 600 метри.“

ЈП Патишта одговара: „Во фебруари 2024 поднесено е барањето, точно е, изготвен е одговор, но истиот не е доставен до ЈП Комуналец, бидејќи тие веќе две години не ја платиле фактурата за оваа услуга во износ од 16.500 денари.“

Крај. Во овој период се сменила и централната и локалната власт. Заклучувам: За 250 евра закочен е проектот од 7 милиони евра,а епидемијата ќе беше избегната, Гостивар ќе имаше чиста вода под притисок. За 250 бирократски евра страда цел град, илјадници судбини, а трошоците се многу поголеми од 7 милиони евра.

Неверојатно, но вистинито. Кој не верува, нека гледа вести, на Телма и МРТ гледав, а веројатно и на другите телевизии.

Никола Пановски, 27.07.26.

 

ОкоБоли главаВицФото