Паразитски накит

04.04.2011 10:46
Паразитски накит

Германско-холандската уметница Кети Лудвиг е авторка на линијата бизарен накит кој на секојдневните и вообичаени дрангулии им дава сосем нова димензија.

Нејзиниот проект „Hosting parasites“, кој воедно и’ бил и дипломска работа, е необичен накит инспириран од паразитите кои можат да го нападнат човечкото тело. Низ овој посебен перформантски накит авторката ги истражува човечките односи. Паразитскиот накит вклучува и предмети кои на некој начин можат да се приклучат на човечкото тело и оставаат трага на телото на „домаќинот“. Односот меѓу домаќинот и паразитот, личноста и накитот, е сосем изменет бидејќи носителот станува своевидна жртва на овие предмети.

За подетален опис на нејзината замисла и одредените паразитски додатоци за вашето тело можете да ја посетите нејзината интернет страница, а во продолжение погледнете неколку примери од нејзиниот накит.

Извор: kathyludwig.com

Совршена метафора за

Совршена метафора за непродуктивната класа во општеството - политичарите и Државните службеници кои живеат како паразити на грбот на приватниот сектор.

Таа метафора е добра:) Но,

Таа метафора е добра:)
Но, делото на младата уметница има и многу други слоеви; уметноста отсекогаш го играла и „грдото“, „неприродното“, „монструозното“... Има фина иронија што „монструозното“ овде е украс - ем се шират границите на уметноста (т.е. се стеснуваат зоните меѓу „декоративната“ и „високата“ уметност), ем се шири толерантноста кон „грдото, изобличеното“ итн. (тие категории се само културни норми).
Интересна е и димензијата на органското, телесното (типично за женски ракопис:)...

„Бизарното“, „грдото“,

„Бизарното“, „грдото“, „неприродното“, „монструозното“ станаа веќе меинстрим,а нивниот најголем апологет Лејди Гага агресивно го наметнува,па дури и фетишизира.

Се прашувам само дали целокупната уметност е во една сериозна стагнација и криза и се наоѓаме на преод од една во друга ера на уметноста или можеби монструозно ултрамасовната хиперпродукција на кич уметност и технологија ни ја заматила перцепцијата?

Сепак дипломскиот труд на Кети,остава некоја недефинирана емоција.

Која чест!!!На некој му

Која чест!!!На некој му текнал да направи накит на тема Сорос.

Накитов на Кети Лудвиг

Накитов на Кети Лудвиг испадна ко Роршахов тест: секој си ја глеа својата патологија (ко кретенот Z, на пример).
Но, иако изродбеникот сам по себе е кретен (што значи дека афилијацијата кон груевизмот е сосема доволна да бидеш за вјеки вјеков жигосан врз гзот со буквата З која значи Звизнат-со-мокра-чорапа-по-глава; ко милите ни другарчиња Јана и кретенот Z), во случајов сепак би се согласил со имбецилот: артифициелноста на накитот можеби може да се спореди со стилот на големиот финансиски мешетар, Џорџ Сорос.
Но, интересно, токму маниристичноста на ваквиот накит ја оневозможува очекуваната споредба со груевизмот - реалниот малиген процес кој ја разјадува Македонија пожестоко од каква било метафора! Груевизмот е реална и опасна и смртоносна болест и навистина не сум сигурен колку е умесно реалната болест да се споредува со нејзината провокативна артифициелна реплика...
Така што, еве, му даваме за право на глупиот изродбенички штакор кој го бута муцето и кајшто не треба, па после квичењето се слуша со денови... Мајка Јана нек те превива, несреќнику! И нек ти дае да цуцнеш од млекото:)

Жал ми е што си се пронашол

Жал ми е што си се пронашол во накитот и ти.Ама сигурен сум дека опшеството е криво, што не ги перципира твоите квалитети.Да беше сега во Германија или Франција ќе беше професор на факултет, а не вака со стаорци и кретени да се расправаш по третокласни пропагандни вебстраници.Во мое име и во име на сите кретени ти се извинувам што не ја препознавме твојата космичка мудрост, твојата прекрасност, што твоите квалитети се задушија по месни комитети и клупи по паркови.
За префинетиот речник нема ни потреба да се коментира.

Хичкок Кољаа,па ти си бил

Хичкок Кољаа,па ти си бил душичкаа:) Си имаш некој патолошки проблем во умот,кој не е пријатен за обзервација:)
Патолошки опседнат со некои непотребни ликови,трчкараш наколу со Соросовата сабја и убиваш се живо што ќе го спомне.
Дај кулирај и олабави се човече:)

На крај краева,зошто да не би можело човек,голем и величествен како Сорос да попие пар шеги на негова сметка? :)

Барем во оваа рубрика можеше да се воздржиш од политичко агитирање.
А можевме да уживаме во дипломската на Кети.

ОкоБоли главаВицФото