Каква срамота е вчерашниот избор на вд претседател на струшкиот суд и на Апелациониот суд во Скопје

06.08.2026 10:38

Судии што седат во Судскиот совет ладнокрвно си го кршат законот за судови и заобиколуваат императивна норма, па уште си изјавуваат дека нема го почитуваат членот од Законот што ги обврзува на тоа, или уште пострашно само стискаат копче за да гласаат без образложение.

Во пристојна држава денес 20 судии ќе покренеа постапка за членовите на Советот за одговорност затоа што направија салата од Законот за судски совет. Ова е еднакво проблематично како и разрешувањето на претходната претседателка.

Среќа е што уште има граѓански организации што го мониторираат советот, а несреќа на советот е што медиумите одамна кренаа раце и не ги следат седниците.
Десет оценски мисии на ЕУ не ја чистат правосудната Авгиева штала.

Васко Маглешов, Фејсбук, 31.07.26.