Homo archīvālis - изложба на Анастасија Саздовска во Мобилната галерија

06.08.2026 11:13
Homo archīvālis - изложба на Анастасија Саздовска во Мобилната галерија

На 7 август во 20 часот во во Мобилна/Монтажна Галерија (Парк на франкофонија) ќе се отвори самостојната изложба на Анастасија Саздовска - Homo archīvālis.

На 7 август во 20 часот во во Мобилна/Монтажна Галерија (Парк на франкофонија) ќе се отвори самостојната изложба на Анастасија Саздовска - Homo archīvālis.

„Homo archīvālis“ е авторска кованица составена од латинските зборови homo (човек) и archīvālis (архивски), која го дефинира човекот како телесна архива на записи. Проектот е инспириран од традиционалните балкански тетоважи и македонските народни везови, како форми преку кои луѓето го изразувале својот идентитет, припадност и верувања. Симболите нанесени врз телото или вткаени во текстилот не претставуваат декоративни елементи, туку начини на зачувување на вредностите на колективот, изразување на припадност, заштита и отпор. Тие сведочат за начинот на кој заедниците создале сопствени визуелни јазици преку кои ги зачувувале своите вистини и достоинството, спротивставувајќи се на условите што ги ограничувале.

Изложбата претставува истражување на традиционалните тетоважи и нивно повторно поставување во современ контекст преку перспективата на жената како носителка и пренесувачка на оваа традиција. Женското тело е разгледано како простор преку кој се зачувува и пренесува колективното знаење. Изложбата се состои од дигитални колажи и дела изработени во комбинирана техника.
Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар.


***

Анастасија Саздовска е родена во 2003 година во Скопје, Република Македонија. Таа е студент по философија на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје. Во 2022 година го завршила образованието во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ на отсекот Мултимедија, а истата година се запишува на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Македонија. Се занимава со мултимедијална уметност, инсталација, фотографија, како и со пишување кратки филозофски текстови, поезија и проза. Редовно пишува за списанието „Ефимин“ и е организатор на ликовната колонија во рамки на Интердисциплинарни активности „Вртешка“ во Штип.

 

ОкоБоли главаВицФото