Две години подготовки за 2.500 фотографии окинати во 96 минути. Боби Кузманоски го сними спектакуларното затемнување на Сонцето од Шпанија.
На 12 август екипа од Скопското астрономско друштво го следеше целосното затемнување на Сонцето од Шпанија. Со нив беше и астрофотографот Боби Кузманоски, кој за овој редок настан се подготвувал речиси две години.
За локација била избрана средновековната тврдина Гормаз во областа Сорија. Кузманоски се поставил околу 1,2 километри од тврдината, со идеја со телефото-објектив да го сними огромниот Сончев диск над нејзината силуета.
Подготовките биле прилично сериозни. Камерата требало автоматски да ги менува експозициите, прецизен тракер да го следи движењето на Сонцето, а втора камера да го снима целиот пејзаж. Еден месец претходно Кузманоски направил и генерална проба од покривот на својата зграда во Скопје, симулирајќи ги условите непосредно пред зајдисонце.
Сепак, непосредно пред затемнувањето се случила мала драма. На жештината и силното сонце изгледало дека лаптопот, од кој зависела целата автоматизација, не сака да се вклучи. По десетина нервозни минути се покажало дека компјутерот цело време работел, но осветленоста на екранот била намалена на минимум.
Потоа сè функционирало според планот. Камерите направиле повеќе од 2.500 сурови фотографии, од кои Кузманоски веќе обработи дел.
На највпечатливата фотографија од самиот тоталитет се гледа Сончевата корона, протуберанциите на работ на Сонцето и сложените структури на неговото магнетно поле. Сликата е HDR-композиција направена од 15 различни експозиции, од 1/4000 дел од секунда до четири секунди.
Фото: Боби Кузманоски / Скопско астрономско друштво
Посебно интересни се фотографиите од неколкуте секунди пред и по тоталитетот, кога се појавуваат таканаречениот Дијамантски прстен и Бејлиевите бисери. Последните зраци од Сонцето тогаш пробиваат низ нерамниот релјеф на Месечината, меѓу нејзините планини, кратери и долини, создавајќи низа блескави точки.
На фотографиите се забележува и голема протуберанца на левата страна од Сончевиот диск. Овие моменти траат само две-три секунди и се меѓу најтешките за фотографирање. Кај Кузманоски целата секвенца била автоматизирана, а камерата снимала со толкава брзина што, како што вели тој, звучела како стара „Сингерица“.
Фото: Боби Кузманоски / Скопско астрономско друштво
Кузманоски направил и неколку композитни фотографии на кои може да се проследи целиот тек на затемнувањето. Главната камера го фотографирала Сонцето на секои 30 секунди, додека втората, поставена со објектив од 70 mm, снимала по еден кадар во минута.
Кога Сонцето почнало да заоѓа зад ридот, бил отстранет соларниот филтер за да се фотографира и околниот пејзаж. Од тие кадри подоцна се направени композициите што ја прикажуваат патеката на Сонцето низ небото и различните фази на затемнувањето.
Фото: Боби Кузманоски / Скопско астрономско друштво
Фото: Боби Кузманоски / Скопско астрономско друштво
Фото: Боби Кузманоски / Скопско астрономско друштво
Од целиот материјал е направена и видеоанимација што го прикажува затемнувањето од неговиот почеток, преку краткиот тоталитет, па сè до заоѓањето на Сонцето зад хоризонтот.
За Кузманоски, сепак, најважната лекција од двегодишните подготовки била едноставна: техниката треба да си ја заврши работата сама, за човек да има време барем тие минута и пол да го гледа спектаклот со сопствени очи.
Можеби првачињата треба да побараат да стекнат и братче и сестриче
Ние пред три години направивме сликовница за прво, второ и трето одделение што се вика ‘Јас, мама, тато, дада и бато‘. Оттука порака за првачињата: освен тоа што ќе побараат да стекнат знаење, можеби треба да побараат да стекнат и братче и сестриче.
Весна Јаневска, министерка за образование, на првиот училиштен ден во училиштето „Ацо Шопов“ во Општина Бутел; СДК, 01.09.26.
– Како стигнавте до тоа ниво целата нација да ви биде паметна?
Јапонецот одговорил:
– Многу нации се попаметни од нас. Кај повеќето нации деветмина се паметни, а еден е глуп. Кај нас, во Јапонија, деветмина се глупи, а еден е паметен. Разликата е во тоа што ние му дозволуваме на тој еден паметен да ги води деветте будали. Кај вас, пак, будалата ги води деветте паметни.
Алек Букарски во „#Антианархистички манифест“ низ тринаесет фрагментарни, автобиографски и алегориски текстови ја испишува мапата на личните и општествените противречности на современа Македонија. Меѓу анархизмот и припадноста, провинцијата и главниот град, интимното и политичкото, оваа книга е немирен запис за осаменоста, идентитетот и потрагата по слобода.