1022 hPa
49 %
18 °C
Скопје - Пон, 07.09.2026 22:59
Секогаш кога функционерите ламентираат дека нашата земја е плодна и богата со храна, треба да ни текне дека овие луѓе еден час не потрошиле да видат што значи таа храна да се произведе, преработи, да се даде на откуп и да се достави до маркетите каде што ја купуваме додека шетаме низ рафтовите на климатизиран простор и им завидуваме на „тие таму“, небаре овците сами го прават сирењето ноќе додека здравиот селанец одмора или прави деца за татковината.
Ирена Цветковиќ, Призма, 25.08.26.