1018 hPa
48 %
26 °C
Скопје - Пет, 11.09.2026 09:59

Дали Пехчево е ваш приватен двор па да одлучувате за вакви клучни прашања без никој да знае? Кој сака од оваа зелена оаза на Македонија да направи пустина? Бараме да се стопира иницијативата и да се гласа ‘против’ на утрешната седница.
„Зелена народна стража“ соопшти дека утре, 25 август, во 10 часот во Советот на Општина Пехчево ќе се гласа за иницијава за дата-центар. Екоактивистите сметаат дека целиот процес се прави скришно и нетранспаретно, па бараат да се стопира постапката и советниците да гласаат „против“.
Од „Зелена народна стража“ велат дека дата-центарот би се правел на пет парцели (КП 6268/1, КП 6268/2, КП 6268/3, КП 6269 и КП 6270) во Панчарево, а притоа тој се гради без објавен инвеститор, но и без да се знае колку струја и вода ќе троши.
„(Исто така) без да се знае колкава ќе биде инвестицијата. Без да се знае колку граѓаните треба да платат за ова. Без студија за животна средина. Без да се знае влијанието врз природата и населението. Без ниту една јавна расправа. Без информирање на граѓаните. Зад затворени врати“, стои во реакцијата на еко-активистите, со која објавија и свое видео.
https://www.facebook.com/reel/1801296247549105?locale=mk_MK
Оттаму посочуваат дека, во експресен можен рок, Владата ги изгласа измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, со што дата-центрите стануваат објекти од национално значење, и е воведена забрзана постапка во која стручна ревизија и јавна анкета не се задолжителни.
„До градоначалникот Александар Китански советот: Дали Пехчево е ваш приватен двор па да одлучувате за вакви клучни прашања без никој да знае? Кој сака од оваа зелена оаза на Македонија да направи пустина? Бараме да се стопира иницијативата и да се гласа ‘против’ на утрешната седница. Ги повикуваме сите свесни граѓани да го споделат ова видео и да побараат итно стопирање на оваа иницијатива и да обелоденување на сите информации во врска со истата“, соопштија од иницијативата.
Извор: Слободен печат