1018 hPa
60 %
21 °C
Скопје - Пет, 11.09.2026 08:00

Стевица Шепра Михајлов ќе настапи на „Друга приказна“ во петок (4 септември), во 21 часот, заедно со Свирачиња.
Лу Рид не дојде
Осумдесет деветтата
беше добра година
за елемирскиот рокенрол
Жикс ги гаѓаше со шише YU група
Лаза мочаше со Бајага
Лепосава и Антоније Пушиќ
играа билијар
продаде четири билети
имаше време за Лепосава
отидов во војска
Лу Рид не дојде
ПТТ службеничка
Сакам да сум дома сам
да лежам да пушам
да правам кругови од дим
да ги слушам Бркови
„Збогом мајко, одведе ме курва“
и да мислам колку сум паметен
зашо пишувам песна за пет минути
можеби и побрзо
да ги имав сите букви
на тастатурата
или да научам каде која стои
тоа го умее една во пошта
ја гледав како чука
штета ако не пишува
песни или што и да е
.jpg)
Другар од војска
Ми пиша другар од војска
полесно му е да пише
отколку да зборува
го тепала милиција
у глава
останале последици
д’тка кога сака нешто
важно да каже
живее во некое село
во Бачка
негде меѓу нигде и ништо
поправа точаци
да е таму убаво
немаше да му се падне
сите се смеат
на погрешно место
и тој со нив
не сака да се разликува
ме нашол на Фејсбук
ме познал по очите.
Ќе одам кај него на пролет
да купам нов половен
велосипед „Партизан“
Суботица
тие се добри
за негде меѓу
нигде и ништо
Оглодан ден
Во неделата отидов во кино
да го оглодам денот
гледав како луѓето јадат пуканки
и сркаат нешто
од големи пластични чаши
еднаш се насмеав гласно
не знаев дека не е смешно
не знам да проценам
излегов да пушам и да се смеам
во клозетот
по филмот се сликав
ко сите други кога негде одат
.jpg)
Килаво
Додека другите се соблекуваат
јас се облекувам
нигде немам задоцнето
килаво ама стигам
да се надувам
да се издувам
да се залепам
и така во круг
додека не заглавам
шутнат во жежа
некои тоа го викаат коприва
таму да ќутам
и да шиштам
ко дупната топка
Писател
Ми беше дојден мајстор
молер, фасадер
пролетва планирам да работам дома
домаќините секогаш планираат
тоа го имам научено
седевме, зборевме
цена со материјал и без
само раце
како веќе одат работите
ме праша со што се занимавам
му реков дека сум писател
кучето ме погледна: „јбг, што ти е“
и јас си помислив
што ми требаше ова.
Ја договоривме работата
можда немаше
да му речев: кладилничар.
.jpg)
Јан Палах
Само тебе ти кажав
дека сакав да се полеам
со три деци бензин по глава
толку имав
недоволно да покосам
можда доволно да ја изгорам главата.
Косев напладне
на многу жешко
ми беше доста од све
освен од бензин
тој секад фали
сакав да умрам.
Се откажав јбг
сите знаат дека сум смотан
ќе мислеа случајно
никој немаше да каже Јан Палах
и не го избришав
history на телефонот
тоа пресуди.
Џуџе
Напиши ми нешто убаво
немој ко сите
да пазам на здравјето
да ги оставам цигарите
да јадам повеќе овошје
напиши ми да го сочекам летото
оти доцната есен
не е добро време за погреби
и твојот нов фустан
и штикли не се за банатската кал
напиши ми да почекам
бар до мај
да замириса багремот.
Добро, тоа немој
далеку е тркалањето в роса.
А денот толку прекрасно почна
ми рече
медицинската сестра
дека џуџето подобро се гледа
кога шумата е исечена
додека ми го бричеше курот
Оган од оревово лисје
Порано, некогаш, ноќе
додека молчев и пушев
и гледав во ништо
мислев дека ќе експлодирам
ко бомба.
Не експлодирав, се изгаснав
ко оган од оревово лисје
кога децата мочаат во него.
.jpg)
Слики: Вася Ложкин
Избор и превод: П. Вулкански
Извор: Stevica Šepra Mihajlov - U 3.10 za Kovin ( Partizanska knjiga, 2025.)
Белешка за авторот
Стевица Шепра Михајлов (1969, Зрењанин) е автор на збирката фрагментарни раскази D Studžis i pohovane tikvice, објавена во 2023 година во издание на Нишки културен центар. Добитник е на наградата „Стеван Сремац – Бал у Елемиру“ за хумористично-сатиричен расказ во 2022 година. Објавувал во списанијата Белградски книжевен весник, Градина, Домети, Улазница и Буктиња. Во издание на Партизанска књига ја објавил стихозбирката U 3:10 za Kovin, од каде што ги преведовме песните за Окно.
Стевица Шепра Михајлов е гостин е на овогодишниот книжевен фестивал Друга приказна во Скопје.