„Друже, пред да обвиниш други земји дека се лошо водени, погледни си го сопствениот двор“

01.09.2026 12:49
„Друже, пред да обвиниш други земји дека се лошо водени, погледни си го сопствениот двор“

Еден Австралиец даде совршен одговор на Трамповиот испад дека „НАТО не бил тука за Америка“.

Друже, раководиш со земја во која 600.000 бездомници вечерва спијат на улица. Земја во која 40% од возрасните не можат да покријат вонреден трошок од 400 долари без да се задолжат. Земја во која инсулинот чини повеќе од рата за автомобил и луѓето го штедат на лажичка за да преживеат. Земја во која медицинскиот долг е причина број 1 за банкрот. Земја во која жени умираат на паркинзи пред болници бидејќи лекарите премногу се плашат од законите за аборт за да третираат спонтан абортус.

Затвораш повеќе сопствени граѓани од која било друга нација на земјата. Повеќе од Кина. Повеќе од Русија. Повеќе од Северна Кореја. „Земјата на слободните“ има 2 милиони луѓе во кафези, а четвртина од нив не се ни осудени за ништо. Просто се пресиромашни за да платат кауција.

Животниот век кај вас се намалува. Вие сте единствената развиена нација каде што се случува тоа. Стапката на смртност кај доенчињата ви е полоша од онаа на Куба. Вашите деца прават вежби за активно пукање помеѓу математика и англиски, додека вие им ги продавате акциите на производителите на оружје на вашите ортаци.

Минималната плата не ви е мрдната 15 години. Имате наставници кои работат на 2 места и ветерани кои спијат под мостови, а тукушто потрошивте трилион долари за да срамните со земја држава што не ве ни нападна.

Имате осуден криминалец, силувач со пресуда, заштитник на педофили, човек што се слика со порно ѕвезди и лајач кој ја води најголемата катастрофална воена кампања откако Талибанците во Авганистан ви се заблагодарија што повторно изгубивте.

И ти го нарекуваш Гренланд лошо воден?

Гренланд има универзално здравство. Бесплатно образование. Една од најниските стапки на затворање во светот. Никој таму не банкротира зашто се разболел. Никој не умира во чекална бидејќи неговото осигурување рекло „не“.

„НАТО не беше таму кога ни требаше.“ Кога точно беше тоа, шампионе? На 11 септември? Бидејќи НАТО го активираше Членот 5 прв и единствен пат во историјата ЗА ВАС. Војници од десетици земји се распоредија, се бореа, крвавеа и ги дадоа своите животи во Авганистан ЗА ВАС. Австралија дури и не беше во НАТО, па сепак се појавивме. 20 години.

А вие се повлековте во 2 часот наутро без никому да кажете и ги оставивте самите да се справат со хаосот.

Па, можеби пред да почнеш да викаш дека други земји се лошо водени, погледни си во сопствениот двор, ти трговцу на лимени фасади со вештачки тен. Единственото нешто што е лошо водено во целава при приказна е твојата еб--- уста.


Извор: I Fing Love Australia
Карикатури: Henrique Monteiro 

ОкоБоли главаВицФото