Три едноставни прашања

05.04.2011 14:30
Три едноставни прашања

Со кого живееш? Што посакуваш? Што те загрижува? На овие три прашања се добија најтрогателни одговори, посебно кога ќе откриете кој одговорил на нив.

Волонтерката Џуди Гелс работела со деца на африкански, латиноамерикански и азиски доселеници кои посетувале јавни училишта во САД. Таа сакала да се поврзе повеќе со нив, па затоа им ги поставила овие три лични прашања, а нивните тажни одговори ја трогнале многу повеќе одошто можела да си замисли.

Приказните на овие деца, кои се на возраст од четврто одделение, вклучуваат глад, имиграција и насилство кои не треба да бидат дел од нивните животи. Затоа Гелс решила да го фотографира секое дете пред сивата влезна врата на училиштето, свртено со грб за да остане анонимно, а нивните одговори се дигитално додадени на фотографиите за подоцна да можат сите да ги прочитаат.

Ова е еден многу интересен, но истовремено и многу тажен проект.

Извор: awesomenator.com

ОкоБоли главаВицФото