Нафта

07.04.11 12:33

Канадскиот фотограф Едвард Бартински неодамна беше награден со And/Or Book Award for Photography за неговата серија фотографии со наслов „Oil“ (Нафта).

Серијата е започната во 1997 г., кога Бартински имал еден вид просветлување – сфатил дека огромните пејзажи, сменети или обликувани од човекот, по кои трагал самиот тој, се можни само со откривањето на нафтата и механичката предност на моторите кои работат преку согорување на фосилни горива.

Во текот на наредните години тој истражувал и фотографирал огромни нафтени полиња низ целиот свет. Потоа снимал и рафинерии, автопатишта и фабрики за производство на коли. Последниот чекор бил тој да ја согледа „културата на нафтата“, да фрли еден поглед на ефектот кој таа го има на нашите животи.

„Овие слики можат да се гледаат како белешки од еден уметник за светот кој е можен низ својата витална сировина и кој е можен како последица на индустриската еволуција“, вели Бартински.

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

ОкоБоли главаВицФото